Оценка на амбасадорката на САД: Се забележува позитивен напредок меѓу С Македонија и Бугарија

Амбасадорката на САД во Скопје Кејт Брнз оцени дека се забележува позитивен напредок меѓу С Македонија и Бугарија и изрази задоволство од продолжувањето на разговорите меѓу двете земји. На средба со премиерот Зоран Заев, Брнз исто така изразила уверување за брз почеток на преговорите за пристапување на нашата земја во Европската Унија.

Амбасадорката објави на Твитер дека, на средбата со Заев истакнала дека САД го ценат билатералното партнерство со С Македонија и дека сакаат што поскоро да почнат преговорите за пристапување на земјава во ЕУ.

Во однос на најновиот развој на односите меѓу Скопје и Софија, Брнз, исто така, напиша на Твитер дека САД забележуваат позитивно придвижување напред и дека се задоволни од тековниот дијалог со Бугарија за придвижување на С Македонија во процесот на пристапување во ЕУ.

tải sunwin

tải go88

tải rikvip rikvip đổi thưởng