Од 20-тата седница на Владата: Утврден текстот на меморандумот за разбирање со Европската банка за обнова и развој за соработката за поддршка за членство во Европската Унија; Членовите на Македонската фудбалска репрезентација ќе добијат парична награда за пласманот на Европското првенство

Владата го разгледа и го усвои Меморандумот за разбирање помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Европската банка за обнова и развој, кој се однесува на соработката за поддршка на процесот за членство во Европската Унија и го овласти претседателот на Владата, Зоран Заев, да го потпише Меморандумот.

Овој Меморандум има за цел да обезбеди рамка за соработка помеѓу Владата и Банката со цел поддршка на процесот за членство на земјата во Европската Унија преку комбинација на инвестиции и техничка помош и ќе се фокусира на зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор и инклузивен раст, на одржлива инфраструктура и транзиција кон зелена економија, вклучувајќи ги и приоритетите за регионална поврзаност и на зајакнување на инвестициската клима и управување.

На оваа седница Владата донесе заклучок од буџетските резерви да им биде доделена парична награда од по 10.000 евра во денарска противредност на сите членови на фудбалска репрезентација на Северна Македонија за историскиот успех за пласман на Европското првенство.

На денешната седница Владата го одобри барањето за државјанство на Република Северна Македонија на Џекоб Даниел Вајли, роден во 1994 година во Лонг Бич, Лос Ангелес, САД бидејќи го исполнува условот за особен интерес за државата од аспект на спортот.

Владата донесе одлука да ја обнови работата на контакт центарот наменет за поддршка на бизнисот и граѓаните во врска со економските прашања во услови на справување со кризата предизвикана од КОВИД-19. Компаниите и физичките лица со јавување на телефонските броеви на кол центарот ќе можат да ги добијат сите потребни информации и појаснувања во врска со начинот и можноста за користење на економски и други државни мерки поврзани со справување со состојбата со КОВИД-19.

sun win

tải sunwin

tải sunwin

game bài sunwin sunwin game sunwin

sunwin