Од Русија пристигнаа шест нови пингвини во скопската зоолошка

Шест пингвини од Русија се нови „станари“ во скопската Зоолошка градина. Новите жители на ЗОО Скопје, три машки и три женски, во моментов се во карантин и се адаптираат.

– Во време на пандемија, кога транспортот е сложен, а летовите редуцирани, со големи напори успеавме да ги донесеме овие шест нови жители на Скопје Зоо кои ќе им се приклучат на Скипер, Прајвет и Ковалски. Пингвините се добро и супер се адаптираат. После пристигнувањето на скопскиот аеродром, веднаш се препуштија на уживање во внатрешниот базен, а по краткиот карантин, ќе го отвориме и надворешното живеалиште – велат од ЗОО Скопје.

Станува збор за јужноамерикански хамболт пингвини, кои можат да живеат и на повисоки температури.

Link with us
Game bài đổi thưởng