Министерот за внатрешни работи демантира дека бил хоспитализиран во приватна клиника. Тој информира дека по престојот во Инфективната клиника во Скопје од понеделникот е во својот дом во Куманово.
-Драги пријатели, дел од порталите шират лажна вест за мојата здравствена состојба и мое наводно хоспитализирање вчера во приватна клиника.
Сакам да ве известам дека се чувствувам добро и по престојот во Инфективната клиника во Скопје од понеделникот сум во својот дом во Куманово. Значи, ова е уште една лажна вест.
Бескрајно сум им благодарен на нашите здравствени работници кои ми помогнаа мене, а им помагаат и на илјадници други наши сограѓани за да се справиме со коронавирусот.
Тие се нашите херои и навистина е несфатливо како некој во вакво време се обидува да ги девалвира. Ви благодарам и на сите вас кои постојано ми пишувате и ми изразувате поддршка.
Заеднички ќе се справиме со коронавирусот, а јас наскоро ќе им се вратам на своите работни обврски, вели Спасовски.