ОДЛИЧНИ ВЕСТИ: Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг ББ- со стабилен изглед – Економијата на РС Македонија закрепнува на предпандемиското ниво

Скопје – Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава, ББ- со стабилен изглед. Стабилниот изглед, ги рефлектира очекувањата дека силните изгледи за економски раст на нашата држава ќе ги поддржат напорите на Владата за буџетска консолидација и ќе овозможат стабилизирање на државниот долг на среден рок. Кредитниот рејтинг ББ- со стабилен изглед РС Македонија го има од 2013 година во континуитет и е значајно дека и во текот на 2020 и 2021 година, кога земјата се соочуваше со влијанието од здравствено-економската криза предизвикана од пандемијата од Ковид 19, не е променет.

Агенцијата нотира дека рејтингот може да се зголеми доколку продолжат напорите за структурни реформи, зајакнување на институционалните капацитети при истовремена консолидација на одржливите фискални политики.

Целта за пристапување на нашата држава кон ЕУ може да придонесе за зајакнување на институционалната рамка, а новите влади на Република Северна Македонија и Република Бугарија внесоа позитивна динамика во преговорите за пристапување кон ЕУ, се истакнува во извештајот.

Според „Стандард и Пурс“ економијата на РС Македонија го достигна своето предпандемиско ниво. Двигатели на растот ќе останат силната приватна потрошувачка поддржана од приспособливата монетарна политика, растот на платите и приливот од дијаспората, како и инвестициите.

Со Планот за забрзан економски раст, зголемувањето на инвестициите е еден од клучните приоритети на Владата, а ќе се опфатат различни сектори, вклучително образование, транспорт, енергија, патна и здравствена инфраструктура. Значајни проекти се Коридорот VIII и Интерконекторниот гасовод Северна Македонија-Грција, се вели во извештајот.

Како што е наведено, и покрај контракцијата предизвикана од пандемијата извозот силно закрепна благодарение на големата надворешна побарувачка, особено од клучните трговски партнери во ЕУ.

Од Агенцијата посочуваат дека постепеното економско закрепнување и мерките на Владата помогнаа стапката на невработеност да се намали на 15,7 отсто во третиот квартал 2021 година од 16,5 проценти во истиот период претходната година.

Во однос на долгот, „Стандард и Пурс“ очекува истиот да се стабилизира на 56-57 проценти од БДП на среден рок. Буџетскиот дефицит се проценува дека изнесува 5,5% од БДП во 2021 година, што е понизок од проектираниот од 6,5 отсто во Буџетот за 2021 година. Ова се должи на повисокиот номинален раст на БДП, како и солидните перформанси на приходите.

Кредитниот рејтинг на една земја го покажува степенот на ризик од инвестирање во неа, и е еден од клучните индикатори коишто потенцијалните инвеститори ги земаат предвид при носење на нивните одлуки.

sunwin

game bài sunwin sunwin.apk mới nhất sunwin apk

tải sunwin

game sunwin sunwin tài xỉu sunwin apk

sunwin