ОДЛИЧНИ ВЕСТИ – Заев на Економски Форум во Скопје: „Во првите пет месеци потпишавме 15 договори за инвестирање“

Премиерот Зоран Заев беше на отварањето на првиот Економски форум во Скопје кој денес се одржува во хотелот Александар Палас. Тој зборуваше за успешниот инвестиционен план на Владата, важноста на членоството во НАТО и за иднината на Западен Балкан.

– Нашата земја ги исполни сите услови за почеток на преговорите по поглавјата за членство во ЕУ, што е безусловно потврдено од Европската комисија, како и од огромно мнозинство на 26 од вкупно 27 земји членки. Потребен ни е просперитетен Балкан денес и во Европската унија. Горд сум што Макеоднија постигна договор со Грција и дендска сме членки на НАТО. Тоа значи сигурност, безбедност и одлична можност за економски развој.

На првиот економски форум во Скопјен Заев упати порака до инвесторите да ги искористат можностите и да го вложат својот капитал во Северна Македонија.

„Поволностите за инвестирање во индустриските развојни зони се препознаени од сите инвеститори, дополнително на ниските даноци од 10 проценти, како и некои ослободувања од данок на добивка и до десет години. Во првите пет месеци потпишавме 15 договори за инвестирање и вредноста на овие договори е 100 милиони евра во инвестиции. Во следните неколку недели се очекува затворање на договорот за директна инвестиција со повеќе од 100 милиони евра и тоа ќе биде најголемата досега. Инвестициите во зоните значат ослободување од данок на добивка и данок на доход во следите десет години, а другите критериуми зависат од создавањето на работните места. Поддршка нудиме за квалификации и доквалификации за работна сила со цел да го следиме трендот на инвесторите во регионот“ – додаде премиерот.

На овој форум присуствуваа и премиерот на Албанија Еди Рама, еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји,, потоа вицепремиерите Никола Димитров и Фатмир Битиќи, министрите за финансии, Фатмир Бесими, за економија Крешник Бектеши, за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, за правда Бојан Маричиќ, гувернерката Анита Ангеловска Бежоска, министерката за финансии и економија на Албанија, Анила Денај, амбасадорите на САД, Велика Британија, Германија, Грција и Полска во Северна Македонија, првите луѓе во канцелариите на Светска банка и на ЕБРД во земјава, Масимилијано Паолучи и Анди Аранитаси, како и домашни стопанственици, универзитетски професори и новинари, гости од Словенија, Србија.

Link with us
Game bài đổi thưởng