ОДЛИЧНО: ПАЛЕВСКИ Е ВО ДОБРА СОСТОЈБА, СЕ СЛИКАШЕ НАСМЕАН ОД БОЛНИЦА

Објавена е фотографија од болничката соба во која е хоспитализиран Љупчо Палевски откако денеска беше нападнат пред неговиот дом во Скопје. Фотографијата ја објави уредникот на порталот Инфомакс, Александар Митовски.

Тој под фотографијата напиша дека напаѓачите цел ден седеле пред домот на Палевски, а биле и снимени од безбедносни камери. Според него, тие носеле црни кациги на главите, но и покрај тоа се препознаени, бидејќи снимките ги забележале и без нив.

Палевски беше нападнат поладнето околу 17 часот во близина на неговиот дом кај трговскиот центар Буњаковец. Како што информираше Министерство за внатрешни работи, до нив стигнала пријава дека две лица на мотоцикл го нападнале со метален предмет.

Од движењето „Трета“, каде Палевски е претседател, соопштија дека тој бил напднат од луѓе облечени во црно, кои го удирале со шипка и боксирачи по главата.

Според нашите информации, Палевски е хоспитализиран во приватната болница „Систина“.

„360 степени“ дојде и до фотографија од настанот, која е направена откако на нападнатиот му била пружена помош.

sunwin web

sunwin

tải sunwin game sunwin sunwin apk

game bài sunwin

sunwin apk