Околу 500 градежни професионалци, 2.000 работници, 1.200 станари или сопственици на објекти, над 50 професионални организации и 200 компании е предвидено да бидат дел од тригодишниот проект „Одржливи енергетски вештини во градежништвото: видливи, валидирани, вреднувани – SEEtheSkills“

Проектот го спроведува Стопанската комора на Северна Македонија од 1 јуни 2021 година, а во него се вклучени 10 партнери, од земјава, но и од Словачка, Словенија, Шпанија и од Холандија.

– Комората успеа да го стартува проектот кој ќе трае три години, а се подготвуваше подолго време. Се работи за исклучително важен проект кој ќе има силен одраз во една силна индустриска гранка – градежништвто. Сакаме земјава да фати приклучок кон европските држави и да има индустриска гранка која по сите карактеристики одговара на европските стандарди – изјави извршниот директор на Стопанската комора на Северна Македонија, Антони Пешев.

Тој најави дека во рамки на проектот интензивно ќе се работи на креирање широка интегрирана база со податоци за сертифицирани работници, достапни обуки за енергетска ефикасност, компании кои вработуваат сертифицирани лица, како и на каталог на енергетски ефикасни материјали. Северна Македонија, дополни тој, на своите партнери ќе им ја пренесе и методологијата за препознавање на претходно учење, како начин за сертифицирање на информално стекнатото знаење и вештини, како и искуствата од пилотирањето.

Според професорката од Електротехничкиот факултет и проректор на УКИМ, Христина Спасевска, преку проектот е предвидено да се постигне поголема видливост, пристап и препознавање на енергетските вештини меѓу партнерските земји, преку нивно вкрстено валидирање засновано врз резултатите од учењето.

– Основна цел на проектот е да ги подигне капацитетите на работната сила во градежниот сектор, работници, инженери и техничари, од областа на енергетската ефикасност. Овие цели се во согласност со т.н. Зелен договор на Европската комисија, кој предвидува до 2025 година емисијата на стакленичките гасови да се сведе на нула преку мерки за енергетска ефикасност и искористување на обновливите извори на енергија – истакна Спасевска.

Заменик-министерот за образование и наука, Арафат Шабани, најави дека пред финализирање се преговорите со ЕУ во рамки на проектот Хоризонт 2021-2026/2027. Тој ги повика сите институции да аплицираат и да ги искористат можносите што ги нуди SEEtheSkills.

Во проектот ќе се користи нов 3В пристап за директно стимулирање на побарувачката за енергетски вештини од градежниот сектор на пазарот. Ќе бидат направени и анализи на постојните регулативи во сите пет земји и ќе бидат предложени измени и дополнувања на регулативите до владите, со цел овозможување на градежната индустрија непречено да гради енергетски ефикасни објекти, согласно најновите дигитални технологии и надградени вештини.

– Многу е важно како во некои стопански гранки, како градежништвото, ќе се подготвиме за следните предизвиици кои се пред нас. Градежнишвото важи за не баш добро технолошки развиена категорија во однос на заштитата на околината. Овој проект, за три години треба да даде одговор како напред и со која визија треба да настапиме во следните 20-30 години – рече Грегор Фиско од Стопанската комора на Словенија.

Link with us
Game bài đổi thưởng