ОOУ „Киро Глигоров“ со ДЕМАНТ: Нема да се гради никаков објект ниту ќе се узурпира игралиштето во училиштето

ООУ „ Киро Глигоров“ Центар, Скопје во целост ги демантира информациите кои се поврзани со
постапката за отстапување на користење на бетонското фудбалско игралиште во дворот на
училиштето.

Потенцираме дека на бетонското фудбалско игралиште ќе нема поставување на никаков
придружен објект, кој ќе се користи за други намени, како што дел од медиумите известија.
Изнајмувањето на игралиштето е предвидено само по неколку часа во работни денови и само на
фудбалското игралиште, додека останатиот дел од училишниот двор останува отворен за децата и
родителите. Сите средни училишта во Град Скопје, но и голем процент на основните училишта ги
имаат отстапено на користење надворешните игралишта со исти или слични договори и досега.

Целокупната постапка околу избор на правно лице кое ќе го користи просторот бетонско
фудбалско игралиште е спроведена целосно во согласност на законите. По претходно
запознавање, донесена е Одлука од страна на Училишниот одбор, составен од 3 претставници од
Совет на родители, 3 претставници од Наставнички совет и 1 претставник од локалната
самоуправа. Дадена е Согласност од претходниот Градоначалник Саша Богдановиќ на 25.5.2021,
по основ на Одлука за давање на користење на училиштен простор и спроведување на други
активности во врска со основните училишта на Општина Центар, донесена од Советот на Општина
Центар.

ООУ „Киро Глигоров“ останува отворено за разговор со сите засегнати страни, со единствена цел –
изнаоѓање на трајно решение кое нема да наштети на ниедна страна.
ООУ „Киро Глигоров“ Центар, Скопје

Директор
Билјана Билбиловска

sun win

tải sunwin apk tải sunwin apk sunwin apk

sunwin sunwin.apk mới nhất game sunwin

game bài sunwin sunwin web sunwin apk

sun win