Општина Аеродром заедно со „Лајка“ ќе го сопрат истоварањето кучиња

Општина Аеродром планира да го спречи проблемот со бездомните кучиња, а за таа цел ЈП „Лајка“ извоило дури милион денари.

Имено, општо познато е дека покрај Вардар, на територијата на општината, често од камиони со регистарски таблички од други градови се истовараат кучиња, кои потоа неконтролирано шетаат по улиците и парковиоте.

Затоа, од Општината соопштија дека започнуваме системски да го решаваат проблемот со бездомните животни во Аеродром. Во рамки на договорот за соработка со ЈП Лајка, општината ќе издвои над 1 милион денари за ефикасно решавање на овој проблем.

– Преку оваа соработка со јавното претпријатие ќе ја подигнеме на безбедноста на граѓаните, но и ќе воспоставиме долгорочен и ефикасен систем за хуман третман на бездомните животни – информираат од таму.

Оваа одлука доаѓа по забелешките кои пристигнуваат до општината и фактот дека неопходно е што побрзо решавање на овој проблем. Во претходниот период пристигнаа многу пријави за истоварање на голем број кучиња скитници во нашата општина од товарни возила со регистарски таблички од други градови, со што проблемот во Аеродром се зголеми, додаваат од Општината.

Порачуват дека ги сакаат животните и дека поддржуваат мисијата на „Лајка“ за нивна заштита и преку искрен пристап и цврста соработка за решавање на овој проблем на жителите на Општина Аеродром.

Link with us
Game bài đổi thưởng