ОПШТИНА КАРПОШ ЌЕ ВОВЕДУВА ЗОНСКО ПАРКИРАЊЕ НА ОРЦЕ НИКОЛОВ И КАРПОШ 1 ЗА ДА СЕ РЕШИ ПРОБЛЕМОТ СО БЛОКИРАНИ ТРОТОАРИ

На улицата Орце Николов во делот на Општина Карпош тротоарите се узурпирани од возила, па граѓаните одат по улица.(Фото: СДК.МК)

Општина Карпош ќе воведува зонско паркирање во населбата Карпош 1 за да се реши проблемот со блокирани тротоари. На улицата Орце Николов во делот на Општина Карпош тротоарите се узурпирани од возила, па граѓаните одат по улица. Паркинг место станарите не можат да најдат ни на паркизните од околните згради. Бидејќи овој дел граничи со Општина Центар каде паркингот се наплатува,многумина паркираат на Карпош, па буквално сите тротоари се блокирани.

Од кабинетот на градоначалникот Стевчо Јакимовски велат дека се свесни и работат на изнаоѓање решенија.

„Во деловите на Карпош кои граничат со општина Центар размислуваме за комбинирано решение од зонско паркирање и катни гаражи. Како краткотрајно решение треба да послужи зонското паркирање. Веќе има изработено сообраќаен елаборат за Карпош 1 со кој се предвидува и воведување на зонско паркирање. Елаборатот беше испратен во МВР на одобрување, од каде што деновиве се дадени насоки за корекции. Во моментот се работи на корекциите, по што ќе се чека на конечно одобрување за да може да се реализира планот за воведување зонско паркирање. Со зонското паркирање ќе ги решиме и хаварисаните возила и тие што продаваат возила и граѓаните од Центар кои ги оставаат возилата во Карпош. Како долготрајно решение во Карпош 1 се планира изградба на катна гаража која треба да почне да се гради следната година“, велат од Општина Карпош.

Општина Карпош пред две години за време на мандатот на ексградоначалникот Стефан Богоев спроведе анкета за воведување зонско паркирање во Карпош 1 и 2. Мнозинството граѓани на анкетата се изјаснија дека сакаат да се воведе зонско паркирање, по што од Општината рекоа дека ќе почнат активности со ЈП „Градски паркинг“ паркирањето во Карпош да се наплаќа за граѓаните од другите општини, а да биде бесплатно за жителите.

ИЗВОР СДК.МК

tải sunwin

sun win

sun win

sunwin

sunwin