ОПШТИНА ПРИЛЕП НАЗНАЧИ СЛУЖБЕНИК ЗАДОЛЖЕН ЗА ПРОБЛЕМИТЕ НА МЛАДИТЕ ВО ОПШТИНАТА

Со силен ентузијазам и посветеност, продолжуваме да работиме на имплементацијата на политиките за млади, а во таа насока согласно Законот за младинско учество и младински политики, Влатко Сливоски е назначен за службеник за млади во Општина Прилеп.
Ова претставува значаен чекор, што ја потврдува нашата заложба за учество на младите во процесот на носење политики од интерес на сите млади лица во нашата општина.
Службеникот за млади ќе биде одговорен за развивање, планирање и следење на активностите поврзани со младите и младинските политики, како и обезбедување на континуирана и транспарентна соработка со младинските организации.
? Младите ќе можат да комуницираат со службеникот за млади преку: slivoski@prilep.gov.mk

Link with us
Game bài đổi thưởng