Општина Пробиштип е подготвена за поддршка и развој на средното стручно образование во насока на задржување на постоечките, но и отварање на нови струки кои недостасуваат и би одговарале на потребите на компаниите кои вршат дејност во нашиот регион

ℹ️ Денес учествував на настан организиран од страна на Министерство за образование и наука на тема Унапредување на средното стручно образование. Заедно со заменик министерот Лузлим Алиу, градоначалниците на општина Штип, Иван Јорданов и Свети Николе, Дејан Владев, претставници од компании, директори на средни стручни училишта и меѓународни организации дебатиравме за образовните профили кои ги нудат средните училишта и за потребите на компаниите.

✅ Целта е да се усогласат потребите на компаниите со средните стручни училишта на локално ниво, и повеќе компании да се вклучат во дуалното образование, при што скоро 90% од компаниите по спроведената анализа, истакнале спремност да примат ученици на пракса за учебната 2022/23, за што заменик министерот, истакна дека Министерството како дополнителен стимул за учениците во дуалните паралелки во средните училишта утврди месечна стипендија во висина од 3.500 денари, со цел мотивација на учениците, а преку тоа и сигурно влегување на пазарот на трудот по завршувањето на средното стручно образование.

sun win

sun win

sunwin sunwin tài xỉu sunwin club

sunwin club

game sunwin