Општина Струмица ќе аплицира за Европска младинска престолнина

Сериозно и интензивно ја подготвуваме апликацијата за титулата Европска младинска престолнина за 2025 година што ја доделува Европскиот младински форум.

Како прва Општина од Република Северна Македонија којашто учествува во овој избор, секојдневно добиваме голема поддршка од институции и организации, што навистина многу ни значи и уште повеќе не охрабрува во подготовките за освојување на оваа престижна титула.

Убеден сум дека во периодот што претстои ќе имаме успешна и плодна соработка со сите наши поддржувачи и заеднички ќе ја направиме Струмица град пријател на младите луѓе и место каде тие ќе бидат максимално вклучени во процесите на донесување на одлуки и ќе имаат значајно место во создавањето на сегашноста и креирањето на иднината.

Денеска поддршка добивме и од директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Марко Ѓоргиевски.

„Како Национална агенција силно веруваме дека оваа можност ви нуди извонредни искуства и креирање нови партнерства“.

Благодарам многу за поддршката.

tải sunwin

sun win

sunwin

sunwin

tải sunwin apk tải sunwin sunwin web