ОПШТИНА СТРУМИЦА ЌЕ ДАДЕ 1000е ЗА СТАРТ АП БИЗНИСИ НА МЛАДИ СТРУМИЧАНИ

Во 2022 година сакам Струмица да биде моќна и економски развиена Општина.
✅Да се отвораат нови бизниси, коишто ќе генерираат нови работни места и ќе ги задржат младите во родниот крај.
✅Со буџетски средства овозможуваме поддршка на Старт-ап бизниси за 20 млади невработени лица од Општина Струмица во процесот на зајакнување на нивните капцитети заради започнување на свои сопствени бизниси во 2022 година.
✅Од вкупниот број пријавени млади невработени лица на Јавниот повик, 20 избрани кандидати ќе бидат вклучени во процесот од кои најдобрите 5 ќе добијат по 60.000 денари за стартување на бизнис.
✅Целта на оваа поддршка е да ги поттикнеме и охрабриме младите невработени лица да се вклучат во процесот за да изградат соодветни лични капацитети за развивање на своите бизнис идеи во реално остварливи бизнис планови со кои ќе може да започнат свои бизниси. Со тоа добиваат можност за користење на општинска финансиска поддршка и воедно да се оспособат за аплицирање и користење на мерките на Владата на Република Северна Македонија преку Агенцијата за вработување, подрачна единица во Струмица.
✅Јавниот повик за пријавување е во тек и ќе трае до 20 јануари, а повеќе информации на официјалната веб страница на општина Струмица strumica.gov.mk
✅Драги мои млади струмичани, искористете ја оваа можност и започнете сопствен бизнис. Заедно да ја направиме нашата Струмица прекрасно место за живеење.

sunwin tài xỉu sunwin.apk mới nhất sunwin web

sun win

sunwin tải sunwin apk sunwin web

sunwin tài xỉu sunwin game sunwin

sunwin