ОРДАНОВСКИ: Заев, конечно, го достигна зенитот на својата политичка кариера – Успеа да ги обедини Бранко и Хорхе, но фактот дека баш тие плукаат по него му го крева политичкиот рејтинг наместо да го руши од власт!

* реклами ——————————————————————————————————————————————-

—————————————————————————————————————————————————–

Заев, конечно, го достигна зенитот на својата политичка кариера. Не е лесно да обединиш против себе една менажерија на актуелни и бивши политички ликови на кои самиот им пружи извонредна прилика за класична политичка „сачекуша“: некои од нив не би се ни помирисале меѓусебно, да не е студената одмазда што сакаат да му ја послужат на Заев. Но, нивниот проблем е што самото нивно обединување го прави „случајот на Заев“ посилен.

Одиумот во македонската јавност предизвикан од интервјуто на Заев за БГНЕС, сега доби баланс во збирниот одиум што одамна постои кон поединечните ликови на оваа квазимодо составена анти-Заевска коалиција.
* реклами ——————————————————————————————————————————————-

—————————————————————————————————————————————————–

Заев невешто и под притисок на нешто да мрдне во македонската грда реалност со која тој е легитимно овластен (а можеби и казнет) да раководи, се обидува да ги олабави „стегите“ на нашите национални митови и здодевните идентитетски самозадоволства, ризикувајќи ја својата политичка кариера, со влог за европска иднина, пред гневот на македонската општествено-политичка паланка.

Овие другиве се македонската општествено-политичка паланка.

Пред десетина дена на ова место напишав:

„Перфектна бура“ се исцртува на хоризонтот. Зимата доаѓа, после есента на нашето незадоволство. Којотите, изгладнети, ќе почнат да завиваат сè поблиску… Којотите од завивање, наскоро ќе почнат и да гризат.

Загризаа. И решени се жив да го изедат.

Link with us
Game bài đổi thưởng