ОСМАНИ ЈАВНО ЈА ПОТВРДИ ИНФОРМАЦИЈАТА НА МАКТЕЛ ЗА ПРОТЕРАНИОТ РУСКИ ДИПЛОМАТ: ВЛЕГОЛ ВО МНР БЕЗ НАЈАВА И ПОКАНА!

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера во само интервју на Канал 5 за прв пат ги откри за македонската јавност причините зошто пред извесен период беше протеран рускиот дипломат од земјава, односно во мај ова година. Тој, како што рече Османи, влегол во зградата на МНР без покана и без познати мотиви.

„Доколку нашиот дипломат се однесувал како што се однесувал нивниот дипломат…. Не може да има реципроцитет доколку имало дипломатски инцидент и доколку се е работено спротивно на правилата на мандатот и статусот на дипломат, односно на Виенската конвенција. Доколку наш дипломат така би се однесувал, јас би го повлекол без Русија да има потреба да го врати назад. Така што, затоа јас ја сметав нивната одлука како политичка освета, на една одлука што е заснована на факти за прекршување на правилата на однесување на еден дипломат во државата каде што е“, рече Османи.

Конкретно на прашањето што направил тој човек, Османи рече.

„Па еве ако наш дипломат во Русија ќе влезе во нивното МНР ненајавено, сигурен сум дека Русија би постапила исто, и не само Русија, туку и било која друга држава, без да навлезам во повеќе детали“, рече Османи.

Link with us
Game bài đổi thưởng