Османи: На враќање од Париз, застанав во Софија и се сретнав со Захариева

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук-профил објави дека попладнево во Софија се сретнал со неговата бугарска колешка Екатерина Захариева, со која разговарал за секторската соработка и подготовките за одржување на состанокот на меѓувладината комисија.

„На враќање од посетата на Париз, застанав во Софија и се сретнав со министерката за надворешни работи Екатерина Захариева, со која разговаравме за секторска соработка и подготовките за одржување на состанокот на меѓувладината комисија како инструмент кој произлегува од договор за добрососедство веднаш по усогласување на акцискиот план за секторска соработка“, наведува Османи во објавата на Фејсбук.

Министерството за надворешни работи соопшти дека на средбата Османи-Захариева биле разгледани актуелностите поврзани со кризата од ковид-19 и начините на кои двете земји остваруваат соработка во справувањето со овие предизивици.

„Во оваа прилика Захариева потврди дека се прават напори за изнаоѓање начин за испорака на ветените вакцини за Република Северна Македонија“, се наведува во соопштението.

МНР информира дека во продолжение на средбата било разговарано за Акцискиот план за меѓусебна соработка и можноста за неговата финализација, во функција на евентуално договарање на втората меѓувладина конференција меѓу двете влади, чии копретседавачи се токму министрите Османи и Захариева.

„Соговорниците изразија задоволство од досегашната соработка и приликата ја искористија и за размена на мислења и за други теми од заеднички интерес за двете страни“, се додава во соопштението.

Како што претходно јави дописникот на МИА од Софија, веднаш по пристигнувањето во бугарскиот главен град, Османи се упатил на средба со бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева во владината резиденција во Бојана.

Link with us
  • hướng dẫn tại sunwin game bai sun win tải sunwin
  • go88
  • số điện thoại hỗ trợ sunwin tại sunwin casino sunwin
Game bài đổi thưởng
    Tao không top thì mày khỏi top xxxvb lêu lêu mãi yêu ^^ Lêu lêu ăn cắp chất xám sleep mom n son xxx lêu lêu :P