Османи: По изборите, очекуваме проширување на мнозинството

Денеска дел од помалите коалициски партнери во власта преку соопштенија до медиумите порачаа остануваат во владејачката коалиција и ги демантираа шпекулациите за евентуално коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на ДУИ и шеф на дипломатијата, Бујар Османи, денеска уште еднаш порача дека владејачкото мнозинство е стабилно, но и дека очекува по вториот круг од локалните избори, кој треба да се одржи на 31 октомври, мнозинството во парламентот да се зголеми.

„Нема ниту ново парламентарно мнозинство ниту потреба од предвремени парламентарни избори. Владината коалиција е стабилна, а по изборите очекуваме парламентарното мнозинство да се прошири“, рече Османи.

Вакви очекувања во пресрет на првиот круг искажуваше и лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев. Но, по изборните резултати од неделата, во јавноста стана актуелна темата за евентуално ново парламентарно мнозинство. Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на обединување на опозицијата и најави дека по вториот круг ќе ги продолжи разговорите за ново мнозинство.

Од друга страна, пак, денеска помалите коалициски партнери во власта преку соопштенија до медиумите порачаа остануваат во владејачката коалиција и ги демантираа шпекулациите за евентуално коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ. Меѓу тие кои потврдија дека остануваат во коалицијата со СДСМ се НСДП на Тито Петковски и Демократската партија на Турците, а изјави дека остануваат во актуелното мнозинство стигнаа и од ДОМ и ЛДП.

sunwin.apk mới nhất sunwin tài xỉu sunwin tài xỉu

sun win

tải sunwin

sunwin

tải sunwin