Откажаа апликациите Фејсбук, Инстаграм и ВатсАп

Паднаа социјалните мрежи Фејсбук, ВатсАп и Инстаграм и моментално се недостапни. Не функционира ниту Фејсбук месинџер.

Ова се услуги под покровителство на Фејсбук, кои, според првите информации, паднаа низ целиот свет. Проблемите со пристапот започнаа малку по 17 часот, но околу 17:40 часот услугите на Фејсбук целосно беа оневозможени.

Засега не е познато на што се должи недостапноста. Голем број извештаи за недостапност на Фејсбук, исто така, може да се видат на downdetector.com и други слични страници.