Отворена „правна клиника“ во склоп на СУГС „Арсени Јовков“ за развој на практичните вештини на учениците

Правна клиника која ќе им овозможува на учениците практична примена на стекнатото теоретско знаење, односно развој на вештини со кои ќе бидат конкурентни на пазарот на трудот е отворена во склоп на средното економско и правно училиште „Арсени Јовков“ во Скопје.

Се работи за иновативен концепт за едукација кој ќе се спроведува преку посебни програми за обука на учениците од ова училиште, со примена на симулации на реални случаи и други практични вежби преку кои тие ќе се надградуваат и по формализацијата на образовниот процес ќе бидат добро подготвени за брзо вработување на соодветно работно место или за понатамошна академска надградба.

На промоцијата на правната клиника присуствуваше министерот за образование и наука Јетон Шаќири, заедно со градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и директорот на Центарот за стручно образование и обука Шериф Мифтари.

Шаќири истакна дека со значително подобрени услови за практична обука на учениците, СУГС „Арсени Јовков“ е одлична опција за идните средношколци да стекнат знаења и вештини кои ќе им овозможат просперитетна иднина на професионален план.

Министерство за образование и наука

sun win

game bài sunwin game bài sunwin sunwin club

sun win

sunwin

sunwin web sunwin tài xỉu sunwin tài xỉu