ОВА Е НЕВЕРОЈАТНО, ОВА БЕШЕ НЕЗАМИСЛИВО ВО ГРУЕВИЗМОТ: ИСТРАЖУВАЧКА НОВИНАРСКА СТОРИЈА БЕШЕ ТЕМА НА ДЕНЕШНАТА ВЛАДИНА СЕДНИЦА!!

Нема компромиси и отстапки кога станува збор за здравјето на граѓаните!

Загрижено и внимателно пристапивме кон изнесените информации на Истражувачката репортерска лабораторија – ИРЛ (Investigative Reporting Lab Macedonia) за постоење сомневања за увоз на токсични нафтени деривати опасни по здравјето на животната средина.

Денеска, на владината седница, со цел расчистување на сите прашања и сомнежи, на предлог на мојот Кабинет побаравме брзи, темелни и детални проверки на сите информации за случајот.
Како одговор на нашето барање, Владата ги донесе следните задолженија за институциите, согласно нивните надлежности:

? Царинска управа – да спроведе внатрешна контрола, да испита колкави количини нафта и нафтени деривати се увезени од 2018 до 2020 година, под која царинска шифра е извршен увозот и дали податоците на декларациите се соодветни со увезениот дериват
? Државен пазарен инспекторат – во соработка со Бирото за стандардизација и метрологија, со помош на акредитираната мобилна лабораторија за проверка на квалитетот на нафтените деривати да спроведе итен инспекциски надзор во компаниите увозници и компаниите корисници на вакви горива
? Државен инспекторат за животна средина – да спроведе вонреден инспекциски надзор во компаниите увозници и корисници на мазут и други нафтени деривати
? Министерство за економија – да достави информација што конкретно се испитува при увоз, согласно Правилникот за квалитет на течни горива и дали одредбите се согласно европските стандарди
Владата наложи институциите да ги направат контролите веднаш, а рокот за достава на информациите е 14 дена.
Редовно ќе ја информираме јавноста за сите нови информации поврзани со увозот на нафтени деривати, за кои беа изнесени сомневања.

Љупчо Николовски, вице премиер одговорен за борба против корупција, фб пост

Link with us
Game bài đổi thưởng