ОВА Е ПРИМЕР ЗА СИТЕ БИЗНИСМЕНИ – НАМЕСТО ДА ГИ ИЗНЕСУВА ПАРИТЕ НАДВОР, ТОЈ ГИ ИНВЕСТИРА ВО НАШАТА НАЈУСПЕШНА БАНКА: Чифлиганец дојде до речиси 15 посто удел во Комерцијална банка

Компанијата ,Адора Инженеринг” на Ванчо Чифлиганец која минатата година успеа да оствари профит од 181.8 милиони денари или приближно 3 милиони евра, продолжува да инвестира во банкарскиот сектор!

– Комерцијална банка АД Скопје ја известува јавноста дека правното лице Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт – Импорт Скопје преку системска блок трансакција се стекна со 48.837 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје. Правното лице Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт-Импорт Скопје заедно со поврзаните лица поседува вкупно 341.860 обични акции, односно има учество од 14,9999% во основната главнина на Комерцијална банка АД Скопје. – велат од банката.

Link with us
Game bài đổi thưởng