ОВА Е СТРАШНО: НОВИНАРКА НА ФОКУС ОТИДЕ ВО ИДРИЗОВО И НАПРАВИ ИНТЕРВЈУ СО 10 ЖЕНИ КОИ СИ ГИ УБИЛЕ МАЖИТЕ НА СПИЕЊЕ СО СЕКИРА И СО ТОКМАК И ГИ ПРЕСТАВИ КАКО ХЕРОИНИ, ПОРАКАТА ДО ЖЕНИТЕ Е ДА СИ ГИ УТЕПААТ МАЖИТЕ КОИ ГИ МАЛТРЕТИРААТ НАМЕСТО ДА СЕ РАЗВЕДАТ ОД НИВ

Отиде светот у три лепе пизде материне. Новинарка на Фокус отиде во затворот Идризово и им направи интервју на 10 жени убијци кои си ги убиле мажите на спиење затоа што биле малтретирани и ги престави како некакви хероини кои се избориле за своите права, се одбраниле од злото со тоа што заклале како свиња маж татко на своите деца ги исекле на парчиња и ги фрлиле во контејнер?!?!

Ова либерално лудило во кое жените се упатуваат имплицитно да кренат рака и да почнат да ги убиваат своите мажи наместо да побараат развод од нив е последното забегување на милитантниот феминизам и либерализам од кој веќе им се гади и на најголемите левичари и либерали како Бил Мар во САД кој е повеќе во своите емисии НОВИ ПРАВИЛА на ХБО телевизијата се повеќе ја критикува левицата во која лично е ангажиран веќе 30 години, самиот има посветено иљадници емисии за левичарската и либерална кауза а има донирано и милиони долари за кандидатите на демократите. Но во последно време се чини и на нему му е стемнето од забеганоста на левицата и либералите. Се чини работите отидоа предалеку!

Да се вратиме пак на сторијата на колешката Валентина Вурмо од угледниот весник и портал Фокус. Што беше целта на сторијата, клик бајт сторија, истражувачко новинарство, да ги видиме двете страни на приказната? Но зошто немаше интервју со мајките и сестрите и браќата на убиените мажи, кога веќе тие не можат да зборат зошто се мртви?! Дури и убиените да се најголеми гадови и копилиња, што не мора да е точно во сите случаи, но дурти и да е така, да се тие вистински гадови, зарем сепак убиството не е нешто што оди предалеку, зарем сепак да убиеш некого и да глумиш херој е сепак пределку за секоја морална и етичка скала и систем на вредности?

Па зарем и најголемите убијци не се убиваат веќе во светот туку им се досудува доживотен затвор, како е тогаш морално исправно да се прават херои жени кои ги заклале своите мажи затоа што биле алкохоличари или насилници, зарем не е доволно развод?! Што е пораката до сие4 жени кои се мажени со алкохоличари и насилници и мажи кои се тешки личности, убијте си ги на спиење и ќе ви направиме интервју ќе ве прославиме ќе ве портретираме како храбри хероини?!

Зошто тогаш се чудиме на младата девојка која пред еден мсец со нозе утепа млад ракометар пред дискотека во Скопје? Секој ден читаме за некоја жена што заклала маж, го избодела, го исекла, го отрула, зошто не се свесни дека креираме култура во која жената е секогаш по автоматизам во право а мажите се гадови кои треба да се убиваат без тронка совест и жал? Сакам да ги прашам овие милитантни феминистки како ќе се чувствуваат ако некој така им ги убие синовите или браќата, ќе се размислат ли тогаш малку за оваа хајка, хистерија против мажите?

Замислете јас Саше Политико да отидев во затворот Идризово и да направев интервју со 10 мажи убијци на своите жени со изговори дека ги убиле затоа што биле курви, алкохоличарки, дрогирашки, ги срамеле во селото и во градот, поради тоа животот им бил уништен и немале друг избор, пробале да се разведат ама овие им ги земале децата им ги земале куќите и парите со помош на судовите и морале да ги убијат немале други избор, и сега мирно спиеле, и да ги преставев во таа сторија тие мажи како некакви жртви и херои, замислете која паника со право ќе се кренеше за таа моја сторија, ќе бев масакриран на социјалните мрежи. Зошто ја нема сега таа паника за оваа сторија на Валентина Вурмо, дали затоа што како општество веќе прифаќаме дека мажите треба да бидат убивани по автоматизам со изговор дека биле лоши луѓе, затоа што мање више сите се свињи шовинистички, дали жените веќе ја добија битката во јавноста и добија бланко дозвола за убиство без морален срам и морална осуда?! Прашање на време е кога ќе биде и ЛЕГАЛНО ДОЗВОЛЕНО да се убиваат мажите, засега дозволата е само со сферата на ЈАВНИОТ ДИСКУРС И МОРАЛЕН СИСТЕМ!