Падна Владата на Црна Гора, Кривокапиќ не доби доверба од пратениците

Парламентот на Црна Гора му изгласа недоверба на актуелниот кабинет на премиерот Здравко Кривокапиќ и со тоа го отвори патот за преговори за формирање нова влада во Подгорица.

Мнозинството гласови во Владата на Здравко Кривокапиќ изгласаа недоверба. За рушење на владата гласаа 44 пратеници, а 11 беа против, објавија црнороските медиуми. Пред гласањето, пратениците на просрпскиот Демократскиот фронт (ДФ), Движењето за промени (ПзП) и Социјалистичката народна партија (СНП) ја напуштија пленарната сала.

Седницата се одржа со повеќе од пет часа задоцнување.

Претходно денеска на дневен ред на Собранието на Црна Гора се најде иницијативата за скратување на мандатот на парламентот во Подгорица, но ниту таа, ниту вчерашната за смена на вицепремиерот Дритан Абазовиќ не стигна на гласање.

Иницијативата за промена на Владата ја потпишаа партиите на опозицијата и Граѓанското движење УРА, кои имаат мнозинство во Собранието – 44 пратеници, од вкупно 81.