Панел дискусија ТЕЛЕСНА АВТОНОМИЈА-основа на човековите права, во организација на UNFPA MK

На денешната панел дискусија ТЕЛЕСНА АВТОНОМИЈА-основа на човековите права, во организација на UNFPA MK во која учествував заедно со министерката за труд и социјална политика на Јагода Шахпаска, Џули Маравал аташе за соработка од амбасадата на Франција, Алана Армитаж регионалната директорка на УНФПА за Источна Европа и Централна Азија, Елизабета Божиноска програмска директорка на ХЕРА, првата дама Елизабета Ѓоргиевска и Росана Дуџак координатор на Обединетите нации во Северна Македонија, разменивме искуства во областа на сексуалното и репродуктивно здравје во државата.

Во однос на имплементација на реформите со цел унапредување на женското здравје, во изминатиот период за првпат се реализираше еден модерен европски закон во којшто волјата на жената е ставена на прво место и со ова овозможивме да се оствари правото на безбеден прекин на бременоста.

Благодарение на нашите првични проекти со УНФПА во делот на заедничкиот пристап и изнаоѓањето на експертиза за едукација на нашите експерти, остваривме преполовување на перинаталната смртност, неонаталната смртност, раната неонатална смртност кај новороденчињата. Остваривме значителен прогрес и во делот на превентивните ХИВ програми преку унапредување на едукацијата на експертите и воведување на нови терапии.

Навистина интензивно работиме на проекти кои се директно поврзани со женското репродуктивно здравје во однос на рана детекција на малигни болести, унапредување на мајчиното здравје, како и во делот на ИТ здравството и овој тренд продолжува и натаму во периодот што претстои. Верувам дека оваа наша посветена работа и понатаму ќе дава резултати заради тоа што сме сите свесни дека мора да инвестираме во здрава иднина бидејќи младите луѓе се столбот на нашата држава.

Венко Филипче, фб пост

sunwin 11bet pro

tải sunwin

trí tuệ siêu phàm go88 tải go88