Партијата за движење на Турците со поддршка за кандидатот за градоначалник на Битола, Христо Кондовски

Партијата за движење на Турците јавно упати поддршка за кандидатот за градоначалник на Општина Битола од СДСМ и коалициските партнери, Христо Кондовски.

„На средба со кандидатот за градоначалник на Општина Битола, Христо Кондовски ја искажавме нашата поддршка за вториот круг од локалните избори. На средбата се потенцира важноста на духовните вредности на градот Битола кои се доста значајни за турската заедница, а исто така беа разгледани решенија и проекти кои би се реализирале во следните четири години“-изјави по средбата Претседателот на Партијата за движење на Турците и пратеник во македонското Собрание, Енес Ибрахим.

„Со партијата за движење на Турците разговаравме за проекти кои ќе го унапредат животот на сите заедници во космополитска Битола“, изјави Кондовски.

sunwin web

sunwin

sunwin

tải sunwin

sunwin tải sunwin game bài sunwin