ПЕНДАРОВСКИ ГО ДЕМАНТИРА МАКТЕЛ: СО ЗАЕВ СМЕ СТАРИ ДРУГАРЧИЊА, ОДНОСИТЕ НИ СЕ СУПЕР

„Иако тоа треба јавноста да го проценува, мојот став е дека во изминативе 28 месеци со Владата не сме имале ниту едно разидување околу стратешките прашања – евроинтеграциите, надворешната политика, безбедноста или меѓуетничките односи. Иако во неколку наврати сме имале различни мислења за одредени законски проекти или за случаи на прекршување на правото од носители на високи функции, тоа се нормални работи кога имате кохабитација меѓу демократи.

Да бидам уште попрецизен – за овие, скоро две и пол години, никогаш не сум добил ни јавна ни приватна забелешка од Владата за одредени мои изјави и постапки. Поинаку и не може да биде, затоа што со клучните луѓе во Владата, на чело со премиерот Заев се познаваме долги години, и имаме поминато ‘сито и решето’ и на улиците, и во институциите, во борбата за подобар живот“, вели за ДВ претседателот на државата.

Ние пак во Мактел имаме поинакво памтење, па памтиме дека:

– кога владата се мачеше да најде вакцини откако ЕУ и САД ни свртеа грб па моравме да се снаоѓаме и да ги молиме Кинезите и Русите, Пендаровски место да помогне затоа што е сепак претседател а не посматрач и професор на некој факултетм, почна јавно да плука по Венко Филипче и по Заев дека било срамота што народот одел да се вакцинира во Србија?!?!

– Кога ВМРО ДПМНЕ правеше срамни протести за амнестија на обвинетите за 27-ми април, Пендаровски во својот кабинет држел состаноци со адвокатите на осудените и им пповерувал дека се невини т.е дека не се терорристи па излезе во јавност да ги брани и да бара повторно судење за тие насилници и убијци?!?!

– Кога пола држава повампирена ја бара политичката глава на Венко Филипче за пожарот во Тетотово, паника створена поради долгата црна кампања против него на опозицијата и анти ваксерите, Пендаровски наместо поддршка држеше јавно лекции за морал и го обвини Филипче дека е неморален човек?!?! Притоа фрли сомнеж врз истрагата одејќи до таму што рече дека дури и странските експерти нема да ја спасат истрагата која може да биде угушена од некого?!?!

– На само 1 месец пред локалните избори, Пендаровски на Алсат М даде изјава да скоро нема градоначалник кој добро сработил во земјава?!?!?! Особено па тоа важело за Скопје?!?!

Ако Пендаровски мисли дека овие изјави се политички фер кон СДСМ и дека не се популистичко ловење поени и висок рејтинг на штета на СДСМ со цел остварување на некои сценарија за кои ние пишувавме, тогаш ок ајде сите ќе се правиме луди и недоквакани.

Ние во Мактел не велиме дека Пендаровски не треба да критикува, далеку од тоа, на земјава и треба многу реформи и подобрувања во екологијата, во инфраструктурата, во агилноста на бирократијата, во битката со неправдите, во битката со мафијата, во битката со што повеќе да им се помогне на сиромашните и ниските социјални слоеви, но некако нападите на Пендаровски ни се видеа многу опортуни, плитки и дневно политички, такво ни е чувството, можеби и да грешиме, но тешко дека грешиме…