Пендаровски го осуди рускиот напад врз Украина, закажана седница на Советот за безбедност

Македонскиот претседател Стево Пендаровски соопшти дека изразува силна осуда за воените дејствија кои Русија ги презема над Украина. Тој за денеска во 14 часот свика седница на Советот за безбедност на која ќе се дискутира за руската агресија врз Украина.

Пендаровски вели дека овие дејствија неизбежно ќе водат кон ненадоместлива загуба на човечки животи и материјална штета.

„Инвазијата на Украина од страна на Русија е напад на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, сериозна повреда на основните принципи на меѓународното право, удар врз демократскиот поредок и закана за стабилноста на Европа“, вели Пендаровски.

Тој додава дека Северна Македонија како членка на НАТО се приклучува кон повикот на Алијансата насочен кон Русија за прекин на воените дејствија на територијата на Украина.

„Во име на граѓаните на Северна Македонија, изразувам солидарност со украинскиот народ во овие тешки времиња“, вели Пендаровски.

Руските сили ја нападнаа Украина откако Путин нареди „специјална операција“
Русија денеска нападна повеќе градови во Украина. Западните новински агенции рано на 24 февруари соопштија дека руските копнени сили влегуваат во Украина од различни позиции во Русија и Белорусија.

Експлозии и пукотници беа забележани во Киев и други украински градови, откако рускиот претседател Владимир Путин најави „специјална“ операција за „демилитаризација“ на земјата, потег што може да сигнализира почеток на тешки борби меѓу двете земји.

Засега нема информации за повредени или загинати. Украинскиот пртетседател Володимир Зеленски изјави дека Русија извршила ракетни напади врз украинската инфраструктура и граничната полиција на земјата и дека експлозии се слушнале во многу градови.

Тој рече дека е прогласена воена состојба низ целата земја и дека телефонски разговарал со американскиот претседател Џо Бајден.

sunwin web sunwin club sunwin tài xỉu

game sunwin

tải sunwin apk sunwin tài xỉu sunwin web

tải sunwin

sunwin