Пендаровски испраќа порака до Бугарија и меѓународната заедница: Ако треба да се обезличиме, тогаш ЕУ не ни треба

Клучен проблем на ЕУ е носењето на одлуки со консензус, смета македонскиот претседател Стево Пендаровски. Без измени на тоа, вели тој, Унијата не може да биде клучен геополитички играч, а тоа доведува до пораст на евроскептицизмот во регионот на Западен Балкан и во Северна Македонија, но и во самата ЕУ, што, според него, е поразително.

Во врска со односите со соседна Бугарија и блокадата од Софија во контекст на македонските евроинтеграции, тој го реафирмира ставот дека ако цената за влез во ЕУ е да се обезличиме, тогаш не ни e потребна ЕУ.

– Јасно е кажано од Софија дека во недостаток на Парламент и во недостаток на политичка влада, тие нема да можат да дадат зелено светло. Се што можеше од наша страна да биде понудено како гест на добра волја, а што не излегло од рамките на едно резонско разговарање и преговарање за битни аспекти на билатералата со Софија беше понудено. Се разбира, не можеме да влеземе во идентитетскиот комплекс и ако некој очекува дека по јули или август ќе го направиме тоа, тој се лаже, потенцира претседателот Пендаровски.

Link with us
Game bài đổi thưởng