ПЕНДАРОВСКИ ЈА ПОФАЛИ ВЛАДАТА: Случаите со апсењето на Рашковски и со заплената на дрогата се многу добро примени во Брисел како знак на силна борба со криминалот!

Претседателот Стево Пендаровски во вечерашното интервју на телевизија Канал 5 рече дека при неговата посета во Брисел добил позитивен фидбек за тоа што со борбата со корупцијата се опфатени и функционери од актуелната власт.

-Јас велам не е борба со корупција ако гоните луѓе само од претходната власт или режим. Случајот со Рашковски, јас почитувам пресумција на невиност, но тој случај е многу добро примен во Брисел. Затоа што стануваше збор за човек што бил еден од највисоките владини функционери. Од домашен во ефективен притвор, велат дека е показател дека политиката ги трга рацете од судството. Исто така добро е примен и случајот со заплената на дрогата и тоа што командир од Прилеп е опфатен во истрагата, рече Пендаровски.

Link with us
Game bài đổi thưởng