ПЕНДАРОВСКИ МАЕСТРАЛНО УСПЕА ДА СЕ ИЗВЛЕЧЕ ОД КАЛТА ВО КОЈА АМАТЕРСКИ ЗАЦАПА: Нема помилување за лица кои направиле кривично дело без преседан, за 27-ми април со Мицковски зборувавме едвај 4-5 минути

Претседателот Пендаровски по завршувањето на средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, рече дека денешната средба беше во насока на повторно воспоставување на политички дијалог и за една демократија не е својствено да постои прекин на комуникациите помеѓу институциите.

„Платени сме од граѓаните да комуницираме, а не да тераме личен каприц. Средбата беше на барање на Мицкоски и во телефонскиот разговор тој бараше да разговараме за проблемите и предизвиците со кои се соочуваме последнава година. Јас го информирав за тоа што се случува во однос на блокираните евроинтеграции и му реков дека од Софија не доаѓаат никакви новости поради нивната ситуација со закажувањето на нови избори и му кажав што за целата ситуација мислаат нашите европски пријатели во Брисел.“ – рече Пендаровски.

Пендаровски потенцираше дека во врска со настаните од 27ми април го повторил ставот дека помилување за лица кои направиле кривично дело без преседан во современа Европа не доаѓа предвид, зошто нивната вина во тој процес неспорно била утврдена во судскиот процес.

„Во однос на правната квалификација на делото, факт е дека тие лица не беа осудени за кривично дело тероризам, туку по друг член за терористичко загрозување на уставниот поредок. дејствијата со кое може да се изврши тоа кривично дело се слични, запретената казна од 10 години идентична. За 27ми април постои пресуда за луѓе кои беа дел од истата топка која го претепа Зијадин Села. Ако се следи правната квалифијкација на таа пресуда, тие луѓе беа осудени, но не беа судени за кривично дело тероризам, туку за убиство во обид.“ – рече Пендаровски.

Претседателот повторно потенцираше дека со неговата теза не прави ревизија на судската пресуда, зошто нема причина за тоа нешто, ниту вели дека пресудата е донесена без докази, туку зборува за обидите за политичко толкување на пресудите што не придонесува за воспоставување на нормална политичка дебата во која нема да се гледаме како смртни непријатели.

„Мојот став е дека ако има нови докази кои порано биле непознати и кои може да го преобраат процесот, не значи дека јас заговарам преотварање на процесот. Само ја цитирам одредбата од законот и законската можност според која тие луѓе преку нивните адвокати по правен лек може дап обараат од Врховниот суд да ги оценат новите докази, ако тиепостојат. Одлуката да се повтори процесот, ја носи судот, а не некој политичкит фактор“ – истакна Пендаровски.

Впечаток е дека Пендаровски успеа со врвна политичка реторика и снаодливост да се извлече од живата кал во која аматерски зацапа, што јавноста сепак ќе му го прости, кој работи тој и греши по некој пат.

Link with us
Game bài đổi thưởng