Пендаровски на куса средба со Бајден на Самитот за климатски промени во Глазгов

Претседателот Стево Пендаровски, кој во Глазгов учествува на Самитот за климатски промени, денеска оствари средби со неколку државници, меѓу кои и со претседателот на САД Џо Бајден.

– На маргините на Самитот за климатски промени #COP26 остварив уште четири кратки средби, со претседателот на САД Џо Бајден, германската канцеларка Ангела Меркел, премиерот на Индија, Нарендра Моди и израелскиот премиер Нафтали Бенет. Се вбројуваме и здружуваме со земјите кои активно преземаат обврски за борба против климатските промени. Важно е да се чујат и нашите заложби и работа во овој дел, напиша Пендаровски на својата официјална Фејсбук страница.

Во обраќањето на пленарната сесија вчера, Пендаровски истакна дека наша цел е до 2030 година да ги намалиме емисиите на стакленички гасови за 51 отсто, во споредба со нивото од 1990-та година. – Се стремиме да ја трансформираме Северна Македонија во економија со ниска емисија на јаглерод, зајакнувајќи ја конкурентноста и промовирајќи социјална кохезија, посочи вчера Пендаровски

sunwin

tải sunwin

sunwin

sun win

sunwin