Пендаровски порача да се шири љубов, Заев повика на скромност и саможртва за добро на сите

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на МПЦ-ОА, митрополит скопски, архиепископ г.г. Стефан и сите православни верници, и до претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев и припадниците на Евангелско – методистичката црква во државата.

„Посакувам празничните денови да ги поминете во добро здравје, исполнети со среќа, радост и љубов. Велигден како празник на надежта ги исполнува срцата со топлина, а мислите со оптимизам и верба. Да шириме љубов и добра мисла и да му се радуваме на животот. Нека постојано со нас биде присутна дарежливоста, добродушноста и искреноста. Како што Христијанството би било празно без христовото воскресение така би биле празни и нашите животи без љубов, сочувство, морал, споделување и благодарност. После повеќе од една година живот во пандемија која го загрозува здравјето и предизвикува економска пустош се наѕира крај на голготата со која се соочува целото човештво. До завршувањето со имунизацијата да бидеме совесни и одговорни“, се вели во честитката од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.

Во Велигденската честитка, премиерот Зоран Заев истакнува дека во време кога целиот свет поминува низ тешки премрежија предизвикани од коронавирусот ковид-19, празникот на спасението, кој го означува крајот на Христовите страдањата и со кој ја славиме победата над смртта, нè потсетува на потребата да се преиспитаме и со скромност како одговорни чинители на нашата заедница да понесеме саможртва за доброто на сите, заштитувајќи се себеси и здравјето на блиските.

Link with us
Game bài đổi thưởng