Пендаровски: Реални шанси за договор со Бугарија не постојат

Претседателот Стево Пендаровски не очекува во наредните неколку недели да се постигне договор со Бугарија со што би се деблокирал патот на Северна Македонија кон ЕУ. Бугарија вели тој, драстично ја променила политиката кон земјава во изминатите неколку месеци. Со таква политика, според него, Бугарија покажува дека не може да излезе од времето на Тодор Живков.

Сепак, вели дека решение треба да продолжи да се бара во иднина, но само преку научни и историски факти, а не политички.

-Реални шанси не постојат. Шанси некакви минимални постојат, но реални изгледи, високи, мнозински за жал не постојат. Затоа што, ме прашавете за Радев, јас ќе ги спојам овие две тези внатре околу шансите и околу мојот разговор со бугарскиот претседател. Претседателот Радев не се разликува од премиерот Бојко Борисов, од Екатерина Захариева, не се разликува од Каракачанов. Станува збор само за персонални стилови, личен стил, дали ти се изразуваш на еден начин, јас на поинакво начин, меѓутоа главните позиции , главните тези на бугарската политика кон нас или кон тоа како го велат тоа историачрите т.н. македонско прашање е идентично во последните 70 години. Основоположник на тие позиции дека не постои македонски народ и не постои македонски јазик е Тодор Живков. Значи практично, бугарската денешна актуелна современа политика, власт, опозиција сосема сеедно, нема излезено од матрицата на живкоизмот и од матрицата на нивната комунистичка историографија, рече Пендаровски за Трилинг на ТВ 24.

tải sunwin apk game bài sunwin sunwin apk

sunwin game bài sunwin sunwin tài xỉu

tải sunwin

sunwin apk tải sunwin sunwin web

sunwin.apk mới nhất sunwin tải sunwin apk