Перформансот „Драга Републико“ во зградата на Централната пошта

Перформансот ќе биде одигран и на 27 септември (понеделник) во 19.30 и во 22.00 часот; 29 септември (среда) во 19.30 и 22.00 часот; 30 септември (четврток) во 19.30 часот и на втори октомври (сабота) во 19.30 и во 22.00 часот.

Влезот е бесплатен, но поради пандемијата со Ковид-19 бројот на гледачи е ограничен и резервациите на билети може да се на направат на мејл адресата artprojectskopje@gmail.com

Проектот се реализира со поддршка на Владата, а во рамки на јубилејот 30 години независност

Во зградата на Централната пошта во Скопје, вечерва во 19.30 часот премиерно ќе биде изведен перформансот „Драга Републико“. Автори на делото се Филип Јовановски, Кристина Леловац и Ивана Васева во соработка со кореографката Викторија Илиоска. По завршувањето на перформансот во 21.30 часот концерт ќе одржи Мухамед Ибраими.

По перформансите „Оваа зграда зборува (на)вистина“ и „Универзална во пламен“, Јовановски, Леловац, Васева и Илиоска реализираат нов перформанс од трилогијата посветена на модернистички згради во Скопје. „Драга Републико“ е перформанс-есеј за објектот на Телекомуникацискиот центар во Скопје, кој е еден од најрепрезентативните модернистички објекти во земјава. Преку повеќемесечен истражувачки процес, перформансот оформи комплексен, интердисциплинарен и поетичен јазик кој се обидува да ги преиспита причините за товарот на денешницата и последиците од микро и макро скриените или видливи фашизми. Во основата е важноста на објектот, од поширока историска, општествено-политичка и уметничка перспектива, кој на симболичко ниво раскажува за постојаното присуство на кочничарите на нештата да го достигнат замислениот развој.

Перформансот повторно ќе биде изведен утре (19.30/22 часот) на 29 септември (19.30/22 часот) 30 септември (19.30 часот) и на 2 октомври (19.30/22 часот).

Влезот е бесплатен, но поради пандемијата со ковид-19 бројот на гледачи е ограничен на 60 и резервациите на билети може да се на направат ТУКА.

Проектот се реализира со поддршка на Владата, а во рамки на јубилејот 30 години независност. Во реализацијата на проектот учествуваат и Емилија Чочкова, Дениз Ајдаревиќ, Бранко Атанасов, Симона Димковска, Нина Елзесер, Изабела Јакимова, Нела Павловска, Сандра Танчева, Дамјана Апостоловски, Мартин Блажевски, Мариана Бошковска, Шинаси Рамадан, Дино Хрџиќ, Иванчо Велков, Миле Крстевски, Владо Димоски, Александар Јовановски и Миа Николоска.

tải sunwin

sun win

game bài sunwin sunwin apk game sunwin

tải sunwin

game sunwin tải sunwin tải sunwin apk