ПЕРО КОСТАДИНОВ: За мене, да се збогатиш преку политиката е најголем срам што можеш да си го приредиш себеси, како личност

Мојата цел во политиката е да стојам рамо до рамо со сите мои сограѓани, особено со обесправените, сиромашните и маргинализираните групи на граѓани.

Секојдневно и заедно со нив, да ги унапредуваме граѓанските слободи и права. Да го подобруваме животниот стандард и да го заштитиме човечкото достоинство. Без исклучоци. Без политиканство!

За мене, да се збогатиш преку политиката е најголем срам што можеш да си го приредиш себеси, како личност.

И затоа, граѓанските и државни интереси мора да бидат пред личните и партиски интереси. Секогаш!