ВИСТИНСКИ ТАТКО НА ГРАДОТ: ИАКО Е ГРАДОНАЧАЛНИК НА ГЛАВНИОТ ГРАД СО ПОЛА МИЛИОН НАРОД, ПЕТРЕ СИ ЧЕКАШЕ РЕД ПРЕД ДА СЕ ВАКЦИНИРА

Шилегов чекаше во ред за да го вакцинира Космонаутко

Градоначалникот Шилегов денеска дојде на ред за вакцинирање во А1 Арена во Скопје. Како и сите закажани граѓани чекаше ред според сите протоколи за брзо и експедитивно да биде вакциниран против ковид-19. Тој им се заблагодари на службите во центарот за вакцинација за нивната професионалност и ги повика и другите да се вакцинираат што побргу.

“Само со масовна вакцинација, можеме заеднички да ја победиме оваа болест. Ве повикувам да го искористите своето право на вакцинација. Заедно да победиме!

Особено задоволство ми беше што вакцинацијата (а и брисевите кога бев болен) ја добив лично од Денис Јанкуловски – Космонаутко. Не заигравме, ама срдечно се поздравивме. Поздрав за сите прекрасни луѓе од медицинскиот и техничкиот персонал во Центарот.”

– напиша тој на својата фејсбук страница

Link with us
Game bài đổi thưởng