ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ: Современо и европско Скопје е слободно Скопје. Скопје во кое пешаците и велосипедистите можат да се движат непречено, без секојдневно да маневрираат низ низа паркирани автомобили на тротоарите

Современо и европско Скопје е слободно Скопје. Скопје во кое пешаците и велосипедистите можат да се движат непречено, без секојдневно да маневрираат низ низа паркирани автомобили на тротоарите, или пак да чекорат или возат по самата улица поради недостаток на слободна површина која првенствено секогаш треба да биде наменета за нив.

Токму затоа интензивно работиме и ќе продолжиме да работиме на ослободување на градските јавни површини и нивно пренаменување кон оние за кои тие се и наменети, воведувајќи светски урбани стандарди и трансформирајќи го нашиот град во модерна европска метропола.
#ЧекорПоЧекор #СкопјеЕднаПоинакваПриказна

Link with us
Game bài đổi thưởng