Петров во „Топ тема“: Делото на Делчев да не се сведува на популистички декларации, блокадите на опозицијата на Собранието не носат ништо добро

Декларацијата за Гоце Делчев е непотребен популистички и погрешен потег, затоа што ние имаме Резолуција донесена со консензус во Собранието и која има обврзувачко дејство врз Владата во водењето на преговорите, истакна членот на Извршен одбор на СДСМ, Андреј Петров во гостување во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма.

„Ние не можеме еден од темелите а државата Гоце Делчев, за кого никој во државата нема сомнеж дека е македонски херој да го сведеме на популизам.Утре може некој ќе побара да правиме деклаарација за Јане Сандански или Ѓорче Петров. Имаме Резолуција која има обврзувачки карактер, која ги дава рамките за натамошни преговори, каде што Собранието застанало зад таа Резолуција и сега треба да се остави на оние кои се задолжени за процедурата, таа да ја спроведуваат.“ посочи Петров.

Осврнувајќи се на измените на Изборниот законик, Петров истакна дека е потребен е консензус, дека така се носеле измените до сега и така треба да продолжи.

„Консензус не може да се донесе ако вие истрчате со иницијатива и сакате да градиме консензус на веќе поднесен предлог. Потребни се повеќе јавни расправи со повеќе експерти, да се отворат работни групи да се согледаат сите недостатоци од минатото. Промени на Изборниот Законик не е носење на обичен закон или регулирање на некоја обична сфера, туку се работи за една комплексна материја.“ посочи Петров.

Петров истакна дека блокадите на Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата не носат ништо добро, ниту за граѓаните, ниту за државата.

„Иницирањето криза не е во интерес на граѓаните и ничија лична кариера не е поважна од интересите на граѓаните. Мое убедување и искуство е дека блокадите и опструкциите во Собранието не донеле добро на никој“ заклучи Петров.

Скопје, 8 февруари 2022

sunwin

sunwin

sunwin apk sunwin web tải sunwin apk

sunwin tài xỉu sunwin club sunwin

sunwin tài xỉu