ПЛУСИНФО: ВЛАДАТА ЌЕ ИЗНАЈМИ НА 3 ГОДИНИ 45 НОВИ ВОЗИЛА ЗА МИНИСТРИ И СТРАНСКИ ДЕЛЕГАЦИИ

Трендерот за набавка на 45 возила кој го најави вчера Владата ќе биде распишан наредните денови кога ќе се знае и видот на возилата, велат од Владата.

– Набавката на возилата е за потребите на Владата односно нив ќе ги користат министрите и владините функционери. Дел од возилата ќе се користат и за потребите при престој на странски делегации во земјава- велат од Владата за Плусинфо.

Моментално не се знае колку пари ќе ја чини владата оваа набавка, но се знае дека возилата ќе се набават преку оперативен лизинг односно деловен закуп со времетраење од 36 месеци.

– Износот на набавката, техничката спецификација на возилата и другите критериуми ќе бидат прецизирани во јавната набавка којашто ќе биде објавена наредните денови – велат оттаму.

Од Владата тврдат дека техничката спецификација претходно ќе биде одобрена од релевантна институција.

На реакцијата на јавноста дека владата избира поскап начин за обезбедување на возила од оној да ги купи, од владата рекоа дека всушност е обратно.

-Оперативниот лизинг е најповолниот начин за обезбедување на возила затоа што Владата нема да има друг трошок освен за обезбедување гориво.Операторот ќе треба да ги одржува возилата, да обезбеди резервни делови, да плати каско осигурување што со поинаков модел тоа би паднало на државен трошок – појасни портпаролот на Владата, Душко Арсовски.

На ваков начин Владата и во 2018 година склучи договор за 45 возила исто така на 36 месеци. На овој тендер владата обезбеди 45 возила од марката „пасат“.

И овие возила ги користат владините функционери, но со обврска тие да се користат до поминати 120.000 километри.

Месечниот лизинг според актуелниот договор за едно возило изнесува 67.538 денари (1.000 евра) со пресметан данок. Вкупната вредност на договорот со операторот е 109.000.000 денари (1,7 милиони евра). Обврска на операторот во тој тендер беше редовно да ги сервисира, регистрира, осигурува, транспортира и да ги обезбедува сите потребни документи и делови за возилата.

Link with us
Game bài đổi thưởng