ПО ОНА ШТО ГО ЗБОРАТ БОРИСОВ, ЗАХАРИЕВА И КАРАКАЧАНОВ, НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕУ СМЕ НАЈГОЛЕМА ЗАКАНА ЗА БУГАРСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ, ЕМИ КАКВО СТАВА БЕ БРАЌА БУГАРИ?!?!

АКо фати човек да ги анализира аргументите кои ги нудат бугарите за ветото, човек навистина ќе почне сериозно да се чеша за главата.

Они велат дека ние сме ја граделе нашата историја преку крадење на нивна историја, што е смешно затоа што еве прознаваме дека имаме заедничка историја, епа каде е сега проблемот?!?

Потоа велат дека ние сме гаеле Анти – Бугарска омраза, што не е точно, таа реторика се случи ПО ПРВОТО ВЕТО пред неколку месеци, пред тоа во македонските медиуми имаше безброј статии во кои се повикуваше за соработка меѓу двете земји, имаше колумни на новинари кои изразуваа благодарност кон Бугарија за сета помош кон нас, дури во земјава има и партија ГДУ која е за прв пат партија која важи за неофицијална бугарска партија во земјава, па никој не ширеше омраза кон таа партија напротив сите ја прифатија како реалност и ја почитуваа… Најголем доказ дека антибугарската омраза е само смешен обид да се оправда ветото е самиот потпишан договор за пријателство од 2017-та, позади кој застанаа сите гласачи на Зоран Заев и сите негови коалициски партнери, значи повеќе од пола држава, епа што сакаат повеќе од ова Бугарите?!

Трета теза на Бугарите е дека се плашат од македонско малцинство во Бугарија? Демек ако има Македонци во Македонија тогаш ќе има и Македонци во Бугарија а ова за Бугарите е голема опасност?!?! Не разбирам, како може во 2020-та да е опасност кој граѓанин на Бугарија каков ќе се произнесе дека е по етнос? Ако сака нека каже дека е МАРСОВЕЦ, тоа е основно човеково право, зошто Бугарија се плаши од тоа? Па една моќна Америка признава разни етнички определби, они сите се по државјанство Американци, но се со разно Грчко, Ирско, Латино, Еврејско, Кинеско, Руско потекло и се горди на таа своја етничка пропадност па во Америка масовно се слават денот на Ирците, денот на Мексиканците, денот на Грците итн се слават со масовни паради по плоштадите на најголемите американски градови. Па Америка е светска велесила! Како е ова опасност за Бугарија? Што да не побарат да се отцепат тие Македонци од Бугарија?!?! Па нели ќе одиме во ЕУ каде нема граници?!?!?! Од што се плашат Бугарите?

Просто е неверојатно ова што го кажуваат луѓево, испаѓа дека Северна Македонија во ЕУ е најголема нациоална стратешка закана за Бугарија?!? Тоа што конечно ќе се тргне границата меѓу двете земји, тоа што ќе тргуваме повеќе, ќе се посетуваме повеќе, ќе си помагаме повеќе, ќе се зближиме повеќе, што ќе славиме заеднички историски настани и личности, за Бугарите било национална стратершка опасност до ниво да Бугарија сега е спремна да се скара со цел свет за ова прашање?!?! Бугарите се опседнати со историјата, денеска големите соништа за големи мегаломански држави се заменети со сонот за ЕУ, Европа без граници, како ова Бугарите не го разбираат?

Браќа бугари, со опроштение, кој ви е бе курац?! Какво става?! Да не сте јаделе вие некои диви печурки во последно време??!?! Што се случува со вас?!?!