Алијанса за Албанците остана без координатор во Собранието. Пратеничката Илире Даути поднесе оставка од оваа фубкција. Оставката ја најави преку социјалната мрежа Фејсбук каде вели дека тоа е последица на резултатот од локалните избори во Тетово.
– И мене ме погоди резултатот на последните локални избори, и многу слабиот резултат за Советот на Тетово, а мојата совест како пратеник од шестата единица тоа не го дозволува и не можам да бидам рамнодушна. Затоа, ве известувам дека штотуку поднесов оставка како координатор на пратеничката група на Алијансата за Албанците, единственото назначување што го имам во моментов од политичкиот субјект, изјави Илире Даути, пратеник од АА.
Се уште не се знае дали пратеничката Даути ќе заземе уште една функција во Алијансата за Албанците. Во меѓувреме, најавено е дека во текот на оваа недела партијата ќе одржи седница на Централното собрание, на која ќе се констатира оставката на Села, ќе се избере в.д. претседател и да се закаже датум за одржување на партискиот конгрес, но датум за такво нешто не е закажан
Арбен Таравари, кој во моментов е градоначалник на општина Гостивар, е најспомнуваното име за кандидат за претседател на оваа партија.
Но што вели статутот на партијата АА.
-Кандидатите за партиски лидер го најавуваат својот интерес 3 месеци пред Конгресот, кога почнува предизборната кампања за партиски лидер, стои во Статутот на АА.
-За да ја објави кандидатурата еден партиски член за претседател на партијата, тој мора да обезбеди минимум 400 потписи на проверени партиски членови, под услов да не припаѓаат на ниту еден огранок или да обезбеди поддршка од најмалку пет партиски ограноци, се вели во Статутот на Алијанса за Албанците.
Веќе поминаа 22 дена откако лидерот на оваа партија ЗиЈадин Села поднесе оставка од функцијата лидер на АА, токму поради поразот што го доживеа оваа партија на општинските избори во Тетово.