ПОБЕДА: Божиновска се повлече од советничкиот список на Османи- Имала здравствени причини

Валентина Божиновска, ексфункционерка од ВМРО-ДПМНЕ и поранешна директорка на Комисијата за односи со верските заедници и религозни групи во изјава за „А1он“ тврди дека во овој момент нема да може да придонесе со свој ангажман во Стратешкиот совет на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, но дека се надева на идна соработка.

„Почитуван министер, Ви благодарам за поканата и за Вашата идеја, која е брилијантна и во оваа прилика ја поздравувам, но заради моите ограничени активности од здравствени причини, не можам да допринесам во овие мигови, но се надевам на наша идна соработка бидејќи сум убедена дека сите заедно треба да ги подадеме рацете кон проектот за европска држава“, вели Божиновска.

Таа вели дека ја добила поканата од министерот да бидам член на Стратешкиот совет на МНР, кој што ќе треба да изработи стратешки 10-годишен документ за надворешна политика на државата и дека „идејата за помирување е една од најсуштествените точки за иднината на државата особено за прашања кои што ја засегаат надворешната позиционираност на земјата и кои се од интерес на сите граѓани“.

„Инклузијата на надворешната политика со граѓаните е клучна во ваквите процеси, но особено иднината ја гледам во помирувањето како рефлексија и обединувачки фактор на здружување на сите политички чинители во општеството. Потребна ни е европска држава со европска иднина. Општеството, колку и да е тоа тешко, мора да биде подготвено на прифаќање на различните стратегии за да се најдеме што побргу во дворот на Европската унија. Одговорноста за процесите во државата ја носиме подеднакво сите“, вели Божиновска.

За Божиновска денеска во јавноста имаше жестоки реакции, со оглед на тоа што таа беше поддржувач на политиките на експремиерот Никола Груевски. Освен Божиновска, за член во Советот беше предложен и Срѓан Керим, поранешен министер за надворешни работи кој беше дел од истрагата за злоупотребите во „Медиа Принт Македонија“ под чија капа беа трите дневни весници, „Дневник“, „Утрински весник“ и „Вест“. Тој беше еден од двајцата осомничени во случајот на СЈО за дела поврзани со згаснатата медиумска компанија.

Членови на советот се и Марјан Ѓуровски, Нами Ружин, Денко Малевски, Марко Трошановски, Ивана Туфегџиќ, Гордан Горгиев, Лазар Еленовски, Живко Мукаетов, Виктор Габер, Ајдован Адемовски.

„Ова ќе биде советодавно тело на Министерството за надворешни работи. Се работи за квалитетни луѓе, добри познавачи на надворешната политика. При изборот внимавав да добиеме широка експертиза, да бидат лица кои се ослободени од притисокот на дневната политика. Спремен сум да ги вкрстиме различните ставови за да изградиме заеднички став. Членовите ќе работат беа паричен надоместок за нивниот ангажман”, рече денеска Османи на прес-конференција.

Link with us
Game bài đổi thưởng