Почина Глигорие Гоговски, последен премиер на земјава пред распадот на СФРЈ, директор и мнозински сопственик на гигантот Тетекс од Тетово

На 79-годишна возраст денеска во Тетово, почина Глигорие Гоговски, една од најзначајните и најистакнатите македонски личности од стопанствениот, општествениот и политичкиот живот.

Гоговски беше долгогодишен генерален директор на волнарскиот комбинат „Tетекс” oд Тетово и претседател на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје.

Глигорие Гоговски (Тетово, 6 јули 1943) — македонски стопанственик и политичар. Бил последниот претседател на Извршниот совет на Собранието на СРМ во периодот 1986 – 1991.

Во 1968 година дипломирал на Електро-машинскиот факултет во Скопје, а магистрирал на Универзитетот во Загреб. Бил генерален директор на волнарскиот комбинат „Тетекс“ од Тетово.

Бил член на СКМ од 1968 година.

Гоговски е долгогодишен прв човек на „Тетекс“ и успешно ја води оваа компанија во драматичните транзициски години, а и сега во пост транзицискиот период. Гоговски е за пример особоено заради тоа што во последниве четири години редовно предлага и обезбедува дивиденда за сите акционери на компанијата од кои голем број се сегашни или поранешни вработени. „Тетекс“ за периодот од 2016 до 2018 година додели бруто дивиденда што надминува 600 денари.

Кај „Тетекс“ интересно е тоа што во неговата акционерска структура 95 отсто од акциите ги поседуваат домашни физички лица и тоа значи дека огромен дел од дивидендата завршува кај домашни физички лица. Акционерите на „Тетекс“ веројанто се меѓу малкумината сопственици на акции по завршениот процес на приватизација кои гледано на долг рок остваруваат солидни приноси од дивиденди и нивните акции имаат солидни пазарни цени.