ЦЕЛА СДСМ ТАГУВА ПО СВОЈОТ ДРУГАР – Почина поранешениот секретар на СДММ, доктор, по доживеан срцев удар се удри во дрво на Рузвелтова

Пулмологот Трајче Нешковски (32) почина попладнево, откако претходно со автомобилот удри во дрво на „Рузвелтова“.

Според неофицијални информации, Нешковски доживеал срцев удар по што изгубил контрола врз автомобилот.

Цела СДСМ се простува од својот другар:

Дарко Каевски

Се борам сам со себе да се убедам дека ваква трагедија не се деси, не не и не, неможам да се помирам. Незнаеш каква болка направи, секоја генерација си има своја борба. Борец, брат, пријател, почивај во мир преголем човеку!!!

Јован Митрески

Ах бе дете златно…
Не е фер. НЕ Е ФЕР. ???

Петре Шилегов

Ах бе Трајче. Ах бе дете …

СДММ – Социјалдемократска Младина на Македонија

Трајче .. голем човек и другар. Социјалдемократ, борец за правда, победник!
Неуморен доктор, упорен противник на најголемиот здравствен предизвик.
Ќе те паметиме по сите борби кои ги водевме заедно, по твојата ведрина и спремност секому да подадеш рака. Ти беше моторот на СДММ и тоа што го градеше со години, живее денес!
Ти благодариме за се! Со нас си,
секогаш!
Твоја СДММ ?

СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија

Денеска загубивме голем човек, сопартиец, борец, другар, млад доктор кој даваше се’ од себе за граѓаните и подобро утре за сите.
СДСМ жали. Со тага и болка за нашиот Трајче Нешковски.
Сочувство до семејството, роднините, пријателите.
Почивај во мир Трајче. Ти благодариме за се’.

Damjan Manchevski

Ама како!? Другариште.

Воислав Попоски

Не верував дека оваа твоја порака ќе биде последната…
Ете ова беше ТРАЈЧЕ!!!
Мој брат, другар, партиски ментор и најголема поддршка❤️
“Ја знам да нас чека још 100 офанзива!”
Почивај во мир ????

Radmila Sekerinska

Се понадевав дека е грешка или лага… Страшна вест. Почивај во мир Трајче!

Monika Zajkova
·
Единствениот кој веднаш по стапување на местото претседателка на ЛиДеМ ми се јави да се видиме и ми рече Мони што да ти треба помош другар на мене можеш да сметаш имам јас искуство доста со функционирање на младина.
Повремено знаеше да пишеш да прашаш што има, како е, да кажеш дека се радуваш на моите успеси… Ти благодарам..
И многу ми е криво бе другар што си замина засекогаш, а не го испивме кафето што го договаравме од понеделник…?
Почивај во мир….
Во нашите срца и сеќавања никогаш нема да умреш… ???
Сочувство до семејството..?

sun win

game bài sunwin sunwin.apk mới nhất sunwin club

tải sunwin

sunwin

tải sunwin apk sunwin tải sunwin apk