Почитуван Ордановски, ти поднесе ли оставка од новинарството од морални причини затоа што работеше во рекетарската 1 ТВ, си дозволил некој шушумига да те искористи за да зема милиони евра рекетирајќи бизнисмени?!

Ние новинарите обожаваме на сите да им наоѓаме влакно во јајцето, да морализираме, да се трескаме од земја небаре сме МАЈКИ ТЕРЕЗИ…

Еве денеска и бардот новинарски, човекот што несомнено е во топ 10 најчитани и највлијателни новинари, Сашо Ордановски повика Заев да ја прифател оставката на Филипче.

Сигурен сум дека истото го има направено и Горан од СДК.

Интересно, новинарите онбножаваат на политичарите да им ставаат големи морални и етички стандарди, да им врескаат да си поднесат оставки за работи кои не надвор од нивната надлежност и моќ на влијание, додека тие самите, новинарите, често сме ги гледале фатени во офсајд но сепак сме им простиле, затоа што знаеме дека се добри луѓе кои ете згрешиле…

Ордановски на пример поднесе ли оставка од новинарството затоа што дозволи да биде злоупотребен во рекетарската 1 ТВ?! Дозволи еден шарлатан да ги злоупотреби сите нив и него и Јадранка и Кабранов и Борјан итн итн за да со нивната слава рекетира и позади нивниот грб млати милиони евра од бизнисмени заканувајќи се дека ќе ги испружи на ТВ и ќе ги внесе во тефтерот на Катица?

Ордановски сигурен сум дека ниту знаел за тие прљави игри на Боки, но сепак се насетуваа некои работи, смрдеа барем силно да се изразиме сликовито малце… Каде е тука моралната одговорност на Ордановски што на 60 години си дозволил да биде злоупотребен?

Слично е сега и со Горан од СДК, он со години го водеше Вест за одлична плата и дозволуваше цензурата да му го уредува весникот па не си даде оставка ниту тогаш ниту сега, туку продолжува во својата колумна да им држи лекции по морал и етика на сите во земјава. Но не му сметаше едно 5-6 години да зема дебела уредничка плата во весникот кој сепак не ги објави снимките на Заев во 2015-та затоа што така нареди сопственикот на МПМ, Срѓан Ќерим? За ова Горан ќе поднесе ли оставка од новинарството од морални причини, или моралот не важи за новинарите и аналитичарите, туку само за политичарите? Од нив ќе бараме да бидат безгрешни па дури ќе бараме оставки и кога немаат грешка, туку кога се случила буквално несреќа од мало невнимание со продолжен кабел?

Во ситуација кога сите се фокусиравме да ја спасиме нацијата од пандемијата, да бараш оставка од човек што направил брзо модуларни болници но заборавил да лично оди од соба во соба и бара продолжни кабли и каде се тие купени дали се по стандарди или се купени на пазар?

Исрто е и со политичарите, замислте оставка од Филипче од морални причини бараат сите оние во ВМРО ДПМНЕ кои беа учесници во режимот и гледаа како режимот гази врз народот и го краде народот.

Влатче, Антоњо, Мицковски итн сите тие беа пратеници или министри или директорчиња, зошто тие луѓе се уште во политиката, зошто од морални причини не си дадоа оставки затоа што учествувале во еден режим, молчеле, помагале со кревање рака со говори по медиуми го помагале Груевизмот, они ли сега ќе зборат за морал?

Од Венко оставка бараатр новинарски куртони попут Миленко, Латас, Ивона, Ефтов, Златев и остана багра куртонска која лапаше пари од режимот додека летаа објекти со динамит во воздух на опозицијата и се полнеа затворите со неподобни и се затвораа медиуми кои критикуваа, они сега ќе зборат за морал…

Неморално општество полно со морализатори, тоа е Северна Македонија денеска! И јас не сум ништо поарен од некои погоре наброени, и јас имам разни офсајди и гревови поради кои ако одиме со таа МАЈКА ТЕРЕЗА перфекција и јас ќе требаше да си дадам оставка…

НЕ велам сега сите да не бараме оставки од политичарите, но да не претеруваме во таа хајка и да бараме буквално влакно во јајцето туку да бидеме реални, да бараме оставка кога јасно ќе видиме релација меѓу потег или лошо работење и некоја несреќа или хаварија, не може од политичарите да бараме буквално да бидат безгрешни до најситни детали или пак да бараме оставки за процеси врз кои реално немале влијание, тоа едноставно не е фер, а за тоа цел живот се борам за тоа фер, баш како Калимеро…

Стандардот кој го бараме од Филипче може во земјава да го исполнат само децата до 18 години, тие се невини душички и евентуално некои монаси забутани по тоа манастирите кои по цел ден си се молат на тоа фреските, нема човек во земјава со таков морален стандард со кој сега ние бараме од Филипче да се повлече и да го понесе товарот врз свој грб на 14 загинати, тоа е нечесно што го правиме за да се направиме големи морализатори и одговорна будна јавност…

tải sunwin

sunwin.apk mới nhất game sunwin game bài sunwin

sun win

sun win

sun win