(ВИДЕО) ПОГЛЕДНЕТЕ КОЛКУ Е ЦЕНЕТ ЗАЕВ ВО СВЕТОТ – ФРАНЦУСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ МАНУЕЛ МАКРОН МУ СЕ ПОКЛОНИ ПРЕД ЕЛИСЕЈСКАТА ПАЛАТА ВО ПАРИЗ И ПОРАЧА МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ВЕДНАШ ДА ПОЧНЕ ПРЕГОВОРИ СО ЕУ!!!

Претседателот Макрон во изјавата во Елисејската палата рече дека со премиерот Заев на работната вечера ќе разговараат за европската перспектива на Македонија , како и општи за состојбата во регионот на Западен Балкан.

Емануел Макрон нагласи дека во изминатите 28 години , откако се воспоставени дипломатските односи меѓу Франција у Македонија, земјата имала активна улога во помагање на демократските процеси . Рече дека е горд на неговата земја што активно партиципирала во воспоставувањето на демократијата во Македонија.

Францускиот претседател рече дека Македонија заслужува веднаш да ги почне преговорите за членство во Европкста Унија.

Премиерот Заев од своја страна му се заблагодари на Макрон, во име на Владата и граѓаните на Македонија за поддршката, посочувајќи дека денешната средба ги збогатува пријателските врски меѓу двете земји, во годината кога одбележуваме 28 години од воспоставените дипломатски односи со Франција.

– Посебно место во развојот на македонско-француското пријателство има и претседателот Макрон, со неговата јавна поддршка за Договорот од Преспа. Пред нас е самитот на ЕС во јуни и тој е вистинска можност за чекор напред и решение за отргнување на блокадата на нашиот европски пат. Дијалогот носи решение, истакна Заев.

Во состав на владината делегација што престојува во Париз, покрај Заев, се и заменик-претседателот задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Link with us
Game bài đổi thưởng