ПОЛИТИЧКОТО ЛУДИЛО НА МАКСИМ ДИМИТИЕВСКИ – ЗАЕВ И СПАСОВСКИ НЕМАА ДРУГ ИЗБОР, МАКСО ГО ПРЕМИНА СИТЕ ЦРВЕНИ ЛИНИИ

Народот вика дај му власт за да му видиш памет. Така и со Максим Димитриевски.

Власта, моќта делуваат деструктивно врз некои луѓе, психата им пука како балон, токму тоа му се случи на Максим Димитриевски.

Осилен дека е градоначалник на 100 000 народ, практично најголемата општина во земјава, Максим доби боговоски митски его трипови, почна да се замислува во некои други, поважни фотељи и не издржа да му дојде ред според процедури и правила на игра, туку сакаше да седне во нив преку ред, притоа одејќи по партиски лешеви, на оние сопартијци со кои заедно буквално а не само политички гинеа на 27-ми април…

За Максо и неговите амбиции, СДСМ од матична партија стана платформа за газење за СКОК нагоре во хиерархијата а сопартијците од другари станаа непријатели во чии грбови тој фати да боде ножеви големи како секири.

Па почна секој викенд да се појавува во вестите на сител со критики на неговата влада?!?! И тоа одма после секој храбар ризичен потег на СДСМ, се чини погласен беше Максо од цело ВМРО ДПМНЕ?!?!? Максо заслепен од својата амбиција газеше и плукаше и мочаше по својата СДСМ, опседнат со рејтинзите и желбата да биде омилен политичар во земјава.

СДСМ беше колатерал, партиските другари во вторник ги плукаше и исмеваше за во среда да ги прими на разни манифестации во Куманово и со нив да се смешка и гушка, па пак во четврток ќе ги исмееше и нападнеше со популистички фб статус за во петок пак да прими некој од партиските другари и со нив да се гушка како ништо да не било?!?!

Врвот на лудилото беше кога ја обвини владата дека лажно му наместила дека е болен од Корона за да го политички деградира?!?! Еј, владата на СДСМ си го наместила својот градоначалчник во Куманово?!?! Да мислиш дека цела влада не спие за тебе политички да те уништи е врвот на една параноја и шизофренија и во тие моменти Максо покажа и загрижувачко ментално здравје.

И си тераше се така цел мандат, славата и популарноста кои ги црпеше од функцијата на која СДСМ го седна и потоа му прати пари преку владата за да ги плати тие инвестиции, тие багери тие спортски сали тие градинки и школи, значи таа слава и моќ која му ја обезбеди СДСМ он ја користеше за да пука по баш таа своја СДСМ?!?! Рани куче да те лае и да те каса што би рекол народот. И се така до моментот кога реши сам да се кандидира, да скокне и партија и партиски тела и се по ред, демек да ги стави луѓето на Бихачка пред свршен чин, да ги надитри…

Со тој последне потег, Максо им кажа на своите другари на Бихачка дека јас сум толку битен што сум поважемн и од победата во Куманово, или јас или нема никој да владее со Куманово, ќе го дадам на ВМРОВЦИТЕ, оние кои 30 години не можат да го добијат и една декада го држеа под опсада градот и Кумановчани, сега Максо се најде паметен да го нуди градот на својот најголем непријател… Каков гад!

Некој ќе каже ама што е со инвидуално мислење, демократија, слобода? Секако, тоа се вредности кои се квалитет во секоја држава, но партијата е организација, со хиерархија, ако сите тераа своја политика, чуму потреба од организација, од партиски тела од раководни лица од претседател? Тоа ќе биде анархија, хаос…

Демократијата во партиите е на седница на партиските тела, но после гласањето и носењето на одлиуките, нема демократија, има само дисциплина и лојалност до смрт. Ако не ти се допаѓаат политиките, покренуваш постапка за смена на раководните лица ако не ти успее си даваш оставка и менуваш партија. А не плукаш по партијата која те направила тоа што си, не мочаш по партиските другари за да си се промовираш на нивни грб…

Максо никогаш не се чувствувал удобно во СДСМ, тој е изгубен во политиката, тој е залутан национал-социјалист, тој не е социјал-демократ. Тој стреба сега да си земе пристапница во Левица, таму одлично ќе плива со својот популизам, национализам, нешто што е смешно во едно мулти култи Куманово каде има 4 официјални јазици.

СДСМ треба на време да се чисти од вакви канцерогени ткива се додека не заболела цела партија. Заев и Спасовски немаа друг избор, мораше да се фатат за сатарот.

Ова е лекција за сите како Максо. Лекцијата од Солза и Стевчо Муња не ја научија. Оваа белким ќе ја научат. Никој не е поголем од СДСМ, ниту Бранко па ниту Заев. СДСМ е нешто свето, многу големо, никој не смее да го гази СДСМ и да се става над СДСМ. СДСМ е 200 000 активисти членови симпатизери ветерани кои гинеле за партијата за преку патијата да и помогнат на својата татковина својата општина својот град своето село, фанатици кои губеле работни места лежеле затвори ќотеци дале на партијата години и години верност битка активизам на терен, ги издржале сите уцени заплашувања малтретирања исмевања одмазди.

Заев и Спасовски со одлуката да го тргнат Максо, ја бранат честа и угледот на СДСМ.

Link with us
Game bài đổi thưởng