Поради скандали, МКЦ го поништи конкурсот за идејно-графичко решение „50 години МКЦ“

По острите реакции на социјалните мрежи во однос на Конкурсот за избор на идејно-графичко решение и визуелен идентитет за „50 години МКЦ“, од Младинскиот културен центар (МКЦ) попладнево соопштија дека се одлучиле да го поништат конкурсот и да се заблагодарат на сите 51 апликант кои ги доставија своите трудови на Конкурсот.

„Со оглед на ситуацијата и двојбата што произлезе по објавување на прворангираните решенија, а со цел враќање на позитивната енергија и самиот јубилеј, програмскиот колегиум на МКЦ донесе одлука да не направи избор на идејно решение од апликациите и да го поништи конкурсот“, се наведува во соопштението на МКЦ.

Од МКЦ објаснуваат дека имале најискрена намера – да ја вклучат јавноста и пред сѐ младите автори и преку формат на конкурс да изберат решение, кое сите заедно ќе нѐ поврзе и обедини.

Инаку, МКЦ првично на 9 февруари соопштија дека за најдобар труд на конкурсот е избран оној на Милан Димитриев. По реакциите на јавноста дека прворангираното решение е целосно ископирано и преземено решение, од МКЦ на 11 февруари објавија дека Милан Димитриев е дисквалификуван, а визуелното решение на второрангираниот Гоце Велески се смета за победник на конкурсот на кој пристигнаа 51 апликација со визуелни решенија.

Но, на социјалните мрежи и по вториот избор се проширија тврдења дека новоизбраниот победнички труд на Велески е исто така плагијат, по што МКЦ донесе одлука за поништување на конкурсот.

sun win

sunwin

sunwin apk tải sunwin game bài sunwin

tải sunwin

tải sunwin